(ВИДЕО) Лудница во Нант: Лазаров пред 6.000 гледачи го победи Монпеље

Навивачите се вратија на трибините во францускиот ракомет, а тоа на најдобар начин го почувствува селекторот на македонската репрезентација Кире Лазаров.

Во дуелот од третото коло, тој со својот Нант славеше против Монпеље со 34-28, пред 6.000 гледачи во Х арената. Домаќините фантастично го отворија мечот и на полувреме имаа предност од девет разлика (20-11).

Во својата последна сезона како активен играч, Лазаров постигна три гола, а најефикасни во неговиот тим беа Монар и Ривера со по пет. Се истакна и голманот Нилсен со 13 одбрани.