(ВИДЕО) Лудница во Болоња: Домаќините водеа 3-1, на крајот загубија!

Болоња и Сасуоло се познати по својата отворена игра и ефикасност, но веројатно никој не очекуваше таква драма и седум гола на нивниот прв овосезонски меч.

Победија гостите со 4-3, откако Болоња до 64. минута имаше водство од 3-1. Сориано, Свенберг и Орсолини погодија за тимот на Синиша Михајловиќ, на спротивната страна прецизен беше Берарди. И потоа земјотрес за само 13 минути.

Една грешка на домашната одбрана беше доволна Ѓуричиќ да намали на 2-3, а откако на фудбалерите на Болоња им падна самодовербата, се беше полесно. Капуто израмни во 70. минута за Томијасу во 77. минута да го постави конечниот резултат. Болоња потоа немаше сила за нов пресврт.