(ВИДЕО) Луда сабота во Ла Лига: Загуби Реал, па загуби и Барса

Најголемите клубови во шпанскиот фудбал со порази ќе го дочекаат Ел Класико што се игра идниот викенд на Камп Ноу.

Откако Реал доживеа сензационален пораз од Кадис на домашен терен, истото вечерва и се случи и на Барселона, на гостувањето кај Гетафе. „Каталонците“ го доживеаја првиот пораз сезонава и одиграа втор меч без победа, по оној против Севиља пред паузата.

Цврстиот тим на Гетафе не дозволи да прими гол, малку и имаше среќа во првото полувреме, а на стартот од вториот дел Де Јонг направи пенал кој во гол го претвори Мата. Барса потоа создаде неколку шанси, Меси имаше празен гол, погодени беа стативата и пречката, но не и мрежата.