(ВИДЕО) Луда работа: Берлускони во љубовен занес со 53 години помлада девојка

Не е никаква тајна љубовниот живот на Силвио Берлускони кој и во деветтата деценија од животот ужива во убави девојки.

Сепак, дури и тој помина некои граници со својата нова љубовница со која го следеше вчерашниот натпревар на неговата Монца против Пиза во рамките на Серија Б. Со него беше 32-годишната Марта Фасини, помлада од Берлускони дури 53 години.

Излегува дека таа е родена кога Берлускони како прв човек и сопственик на Милан газеше во Италија и Европа, со холандското трио Ван Бастен-Гулит-Рајкард. На него тоа воопшто не му пречи, можеби дури и го потсетува на едно убаво време од животот.