(ВИДЕО) Лошо почна сезоната за ПСЖ – веќе е загубен првиот трофеј!

Со натпреварот од Суперкупот, вечерва почна сезоната во францускиот фудбал, а веќе во него дојде и до првото изненадување.

Иако актуелен шампион, Лил беше аутсајдер во дуелот со ПСЖ, но повторно го победи и со трофеј ја почна сезоната. Бранителот на титулата триумфираше со 1-0 благодарение на голот на Ксека во 45. минута, со фантастичен удар од врвот на шеснаесетникот. Со тоа е прекината осумгодишната доминација на ПСЖ во Суперкупот на Франција.

За „светците“ дебитираше Вајналдум, но не и Серхио Рамос кој ќе го чека стартот на сезоната за првпат да го облече дресот на новиот клуб на официјален натпревар.