(ВИДЕО) Лојалноста е мртва: Родри му се одмазди на Рајан Гигс преку реклама за обложувалница

Љубителите на фудбалот уште го паметата скандалот што го предизвика Рајан Гигс со секс-аферата со сопругата на својот брат Родри.

Двајцата повеќе не комуницираат, семејството се подели во поддршката за двајцата браќа, но очигледно Родри полека го преболел тоа. Така барем вели во рекламата за англиската обложувалните Педи Пауер која личи на биографска за него и Рајан бидејќи меѓу редови го објаснува она што се случи.

Поената е дека лојалноста е мртва и дека секој треба да оди по награди што е основата на желбата да се освои добивка преку обложување.