Актуелниот лидер во Премиер лигата, Ливерпул во последниот дуел од вечерашната програма славеше нова, убедлива победа.
Овојпат момците на Јирген Клоп беа подобри од градските ривали, фудбалерите на Евертон и тоа со убедлив резултат од 5-2.
Победникот на „Мерсисајд“ дерби беше решен уште по првото полувреме во кое паднаа дури шест погодоци.
Во 6. минута Ориги погоди за 1-0, а десет минути подоцна предноста ја зголеми Шаќири. На ова „карамелите“ одгворија преку Кин кој во 21. минута намали на 2-1. Сепак Ориги со голот во 31. минута ја врати предност од два гола (3-1), а на 4-1 зголеми Мане. Но во судиското продолжени следеше уште еден гол на Евертон, сега преку Ричалисон.
Точка на убедливата победа за Ливерпул стави Вајналдум на истекот на регуларниот дел.