Ливерпул го освои ФА Купот по подоброто изведување на пенали од Челзи. По два часа фудбал се заврши без голови на Вембли. Двете екипи имаа само по два удари во рамките на противничкиот гол, а за Ливерпул е лоша вест тоа што Мохамед Салах мораше да излезе во 33-тата минута поради повреда.
За победникот одлучуваа пеналите. Први стрелаа Алонсо и Милнер, а потоа Аспиликуета ја погоди рамката од голот и им даде предност на „Црвените“. За Челзи потоа стрелаа Џејмс, Баркли и Жоржињо, додека за Ливерпул прецизни беа Тијаго и Фирмино. По ова Мане шутираше за победа, но неговиот удар го прочита Менди и го одбрани.
Зијех потоа погоди за Челзи, Диого Жота за Ливерпул, а Маунт во седмата серија беше запрен од Алисон. Цимикас погоди за Ливерпул и им го донесе првиот ФА Куп по 16 години чекање. Ова е вториот трофеј за Ливерпул сезонава по освоениот Лига Куп. Ливерпул е во игра за освојување на Лигата на шампионите и Премиер лигата.