ВИДЕО: Ливерпул го изнервира „детето“ кое сакаше да ги победи со хет-трик

Ерлинг Халанд пред мечот со Ливерпул изјави дека е самоуверен во победа над Ливерпул со 3:1, со која и дефинитивно ќе ги елиминираат од нокаут фазата, но сепак тоа не им се оствари.

Ливерпул во две минути постигна два гола и ја однесе победата со што го потврди пласманот во елиминациската фаза од ЛШ.

Но евидентно дека на „чудото од дете“ желбата му беше голема да победи, за што сведочи и неговата реакција кога Ливерпул постигна еден од головите.