(ВИДЕО) Ливерпул без проблеми го демолираше Саутемптон

Екипата на Ливерпул дојде до нова победа во Премиер лигата, откако на „Енфилд Роуд“ го демолираше Саутемптон со 4:0.

Диого Жота по само 93 секунди игра ги доведе домаќините во водство. Истиот играч во 32. минута зголеми на 2:0. Со оглед на резултатот и играта, се чини дека прашањето околу победникот беше решено по само половина час игра, а доказ за тоа беше и уште едниот погодок кој го постигна Ливерпул, а беше дело на Тијаго Алкантара.

Во вториот дел Ливерпул го забави темпото, но „Црвените“ успеаја да постигнат уште еден погодок, а стрелец беше Вирџил ван Дајк во 52. минута од мечот.

Астон Вила дојде до важна победа на гостински терен кај Кристал Палас со 2:1. Таргет ги донесе гостите во водство во 15. минута, а победата во 86. минута ја потврди Мекгин. Почесниот погодок за домаќините го постигна Гуехи во петтата минута од судиското надополнување.

На „Кероу Роуд“ Норич и Вулверхемптон одиграа без голови.