(ВИДЕО) „Летаа“ тупаници на трибините за време на мечот меѓу Кирјос и Качанов

На трибините на „Род Лејвер“ арената дојде до пресметка меѓу навивачите додека на теренот за осминафинале се бореа Ник Кирјос и Карен Качанов.

Австралиецот и Русинот играа пет сетови, на крајот Кирјос славеше, но мечот беше одбележан и од спорниот инцидент на трибините.

Еден домашен навивач најпрво влезе во вербална, а потоа и физичка пресметка со еден Русин кој беше сам меѓу домашните навивачи.

Рускиот навивач по тепачката беше исфрлен од арената.