(ВИДЕО) Лејкерси под водство на Леброн по 10 години во финалето на Западот

По прв пат уште од 2010 година ЛА Лејкерси ќе играат финале на Западната конференција откако во полуфиналето ги исфрлија Хјустон Рокетси.

Лејкерси во петтиот меч славеа со убедлив резултат. Леброн Џејмс и неговите соиграчи ги совладаа ривалите од Тексас со 119:96 за 4:1 во серијата.

Веќе по првата четвртина Лејкерси имаа 15 поени предност и веќе тогаш се насетуваше во која насока оди овој меч. Во еден момент „езерџиитее“ имаа и плус 30 (101:71) на стартот од последната четвртина.

Џејмс повторно беше на потребното ниво со 29 поени и 11 скока со седум асистенции. Имаше поддршка од Кајл Кузма со 17 поени. Кај поразените најефикасен беше Џејмс Харден.

Лејкерси во финалето ќе играат против подобриот од дуелот меѓу ЛА Клиперс и Денвер Нагетс. Клиперси по пет меча водат со 3:2 во серијата.