Лос Анџелес Лејкерс синоќа оствари уверлива победа на гостувањето против Оклахома Тандерс со резултат 128:99.
Повторно прво име во таборот на актуелниот шампион беше Леброн Џејмс, кој запиша 26 поени, надополнети со 7 асистенции и 6 скокови. Во редовите на Лејкерс добар беше и Херел кој уфрли 21 поени, Ентони Дејвис имаше 18.
Во редовите на индиспонираната Оклахома Тандерс, најдобар поединец беше Александер со 17 постигнати поени.
Од останатите натпревари:
Шарлот – Далас 93:104
Детроит – Милвоки 101:110
Њујорк – Бруклин 109:116
Минесота – Мемфис 107:118
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 111:106
Сакраменто – Портланд 126:132