(ВИДЕО) Леброн без Дејвис ги урна Далас и Дончиќ, Бакси до најдобар старт во историјата на клубот

Без помошта на повредениот Ентони Дејвис, ЛА Лејкерс ги надиграа Далас Маверикс со 129:114, а клучен играч нанатпреварот беше Леброн Џејмс со 35 поени, 16 скока и седум асистенции. Напаѓачката улога на Дејвис на паркетот ја презеде Кајл Кузма со рекор на сезоната од 26 поени.

Иако имаше 25 поени, 10 скока и седум асистенции, Лука Дончиќ никако не беше задоволен ни од резултатот, ни од својата, како и играта на комплетниоттим. Дека навистина беше лут покажа и моментот кога го искина својот дрес по промашените слободни фрлања во финишот од првото полувреме, во моментот кога Лејкерси имаа предност од 73:56. Натпреварот го заврши со дури шест загубени топки и беше забележливо дека Лука не се чувствуваше комотно во тие моменти. Ова не е првпат Дончиќ на ваков начин да го изразува своето незадоволство, но обично по таквитереакции во следните натпревари игра одлично.

Покрај Дончиќ, 22 поени уфрли Тим Хардавеј, додека Сет Кари донесе 16 поени од клупата.

Додека Лејкерси се насладуваа во Тексас, во Лос Анџелес, Клиперси беа подобри од Голден Стејт со 109:100, а Каваи Ленард 21 од своите 36 поени ги уфрли во второто полувреме и така повторно имаше клучна улога во победата на клубот од Лос Анџелес. Клиперси одиграа фантастична последна четвртина и успеаја да се вратат од дефицит од 10 поени без помошта на Пол Џорџ кој уште се опоравува од повредата на задната ложа на левата нога. Лу Вилијамс го следеше Ленард со 21 поен, додека Омари Спелман и Глен Робинсон имаа по 17 поени за Вориорси кои го доживеаја седмиот последователен пораз.

Историја се испиша синоќа во Сакраменто. Бакси со триумфот над Кингси со 127:106 дојдоа до скор од 34-6 и така го забележаа најдобриот старт во клупската историја по 40 натпревари, за една победа подобри од славната генерација на Карим Абдул Џабар од сезоната 1970/71.

Поради нешто послабата напаѓачка вечер на Јанис Антетокумбо, кој мечот го заврши со 13 поени, 10 скока и пет асистенции, прва фигура кај Бакси беше Крис Мидлтон со 27 поени и 11 скока. Стерлинг Браун од клупата донесе 11 поении 12 скока за личен рекорд на сезоната и прв дабл-дабл во кариерата.

Кај Кингси листата на стрелци ја предводеше Деарон Фокс со 19 поени, 10 асистенции и четири украдени топки. Харисон Барнс исто така имаше 19 поени, Бади Хил допиша 16, а Немања Бјелица имаше 12 поени и 13 скока.

Интересно, Милвоки Бакс дојдоа до барем 100 постигнати поени по 64. пат во низа, што е најдолга серија уште од времето на Далас кој во периодот од 15. јануари до 10. декември 1986. година нанижа 67 такви мечеви.

Херој на вечерта за многумина е Девин Букер. Најдобриот играч на Санси против Орландо успеа во период од 17 секунди да погоди тројка, да му ја украде топката на Маркел Фулц и потоа да погоди нов шут од дистанца за пресврт и резултат од 96:94 на 36 секунди до крајот. Феникс на крајот славеше со 98:94, но Санси добро се измачија да дојдат до победата. Имаше Никола Вучевиќ шанса да се прослави, но топката му ја украде Рики Рубио, за потоа и Еван Фурние да промаши шут на девет секунди пред истекот на времето.

Букер беше најефикасен кај Санси со 24 поени, 22 поени уфрли Кели Убре, додека Рики Рубио собра 11 поени, 10 асистенции, седум скока и три украдени топки. Кај Орланд 18 поени и 13 скока забележа Вучевиќ. Фурние беше најефикасен со 28 поени.

НБА резултати:

Вашингтон – Атланта 111:101
Њујорк – Њу Орлеанс 111:123
Бруклин – Мајами 117:113
Чикаго – Индијана 105:116
Мемфис – Сан Антонио 134:121
Феникс – Орландо 98:94
Јута – Шарлот 109:92
Далас – Лејкерс 114:129
ЛА Клиперс – Голден Стејт 109:100