ВИДЕО: Лацио и Аталанта убедливи – Рома не успеа да ја добие незгодната Џенова

Рома и Џенова вечерва одиграа еден од поинтересните натпревари, меч кој заврши без победник 3:3.

Римјаните имаа на три наврати водство, но не успеваа да го задржат до крај.

Прво Ундер во 6. минута носи водство од 1:0, па Пинамонти во 16. изедначува на 1:1.

Исто се случуваше и кога Џеко во 30. донесе водство од 2:1, па Крисцито во 43. носи изедначување на 2:2. На 3:2 зголемува Коларов во 49. минута, а конечните 3:3 ги постигнува Куме во 70. минута.

Од останатите натпревари, Бреша победи кај Каљари со 0:1, Лацио нагости славеше кај Сампдорија со 0:3, Аталанта победи кај СПАЛ со 2:3, а Торино на домашен терен го сруши Сасуоло со 2:1.

Верона и Болоња одиграа без победник 1:1, на оваа средба уште во раната фаза, Давидовиц од домашната екипа заработи директен црвен картон, но сепак домаќините се извлекоа со 1:1 на крајот од мечот.