Поранешниот капитен на српската репрезентација Ненад Крстиќ откри детали за масовната тепачка која се случи пред 13 години, за време на дуелот меѓу Грција и Србија од Акрополис купот во Атина.
Во рамките на подготовките за Светското првенство што таа година се одржа во Турција, двете селекции играа подготвителен турнир, дуелите требаше да бидат од пријателски карактер, но Србија и Грција не мислеа така. За време на нивниот меч владееше невидена тензија, Душан Ивковиќ доби две технички грешки поради протестите на судските одлуки, а кулминацијата беше достигната по нападот на Фоцис врз Теодосиќ на две минути пред крајот.
Се вмешаа сите кошаркари, а највоинствен беше Крстиќ кој како капитен се обиде да ги заштити соиграчите и тотално го загуби умот. Се уште се свежи сеќавањата на фрлениот стол врз Јанис Бурусис кој не играше на тој натпревар поради скршеница на раката. Српскиот ас открива дека не се завршило се на инцидентот на теренот, туку имало иј „второ“ полувреме.
Tuča u Atini! ?️ Nenad Krstić#jaomilepodcast pic.twitter.com/phaOWI1zie
— Jaomile podcast (@mileilic) March 25, 2023
„Малку луѓе знаат дека имаше проблеми и во тунелот, во соблекувалната, па во хотелот, мене ми го зедоа пасошот и јас завршив во притвор, бев во српската амбасада и не сакав да дадам изјава. Терав некој инает, но во суштина го заслужив сето тоа. Потоа бев осуден на три години условно, тоа значеше дека не смеам да направам нов проблем во Грција“, откри Крстиќ.
По тој инцидент, српскиот центар беше суспендиран и ги пропушти првите три натпревари на Светското првенство, а Теодосиќ, од кого почна целиот инцидент, не играше на првите два меча.