(ВИДЕО) Крш во Вуковар: Се испотепаа Гробари и БББ

Организирани навивачи на Партизан и Динамо Загреб вчера се тепале во Вуковар, користејќи палки, факели и камења.

Според првите извештаи, уапсени се 25 лица, а двајца се приведени. Очевидци тврдат дека припадниците на навивачката група Гробари ги нападнале Бед блу бојс кај еден угостителски објект.

www.24sata.hr/news/vukovar-tukli-se-bbb-i-grobari-700557

„Беше страшно, се тепаа дваесетина од нив. Имаа палки и факели, некои беа крвави и лежеа“, изјавила една од присутните жени.

Ова е втор инцидент во Вуковар за краток период. Пред неполн месец, во центарот на градот, припадници на БББ нападнале две момчиња од српска националност, ги начекале на паркинг и им нанеле полесни телесни повреди.