ВИДЕО: Кошмар во Шпанија – по хорор сударот, 14 годишен возач прегазен до смрт

На трка во Алканиз денеска, починал 14 годишен мотоциклист по име Хуго Милан.

Во прашање е трка од европскиот куп за млади јуниори, а Милан бил еден од најперспективните возачи во неговата генерација.

Споменатиот мотоциклист ја изгубил контролата врз својот мотор, а на него налетал мотоциклистот Милан Павелец од Полска, кој никако не можел да го избегне.

Во налетот минал преку него и му зададел сериозни повреди на вратот и грбот, по што младиот возач не успеал да се опорави.

Хуго Милан веднаш бил пренесен во најблискиот клинички центар во Сарагоса, но само час по кобниот инцидент, 14 годишниот возач им подлегнал на повредите.