(ВИДЕО) „Комити“ и „Војводи“ масовно се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Како и што беше најавено, попладнево навивачите на Вардар и Тетекс, популарните „Комити“ и „Војводи“ кои се збратимени, одадоа почит на Гоце Делчев.

Во голем број, тие заедно положија цвеќe и се поклонија на гробот на Гоце Делчев, на денот на неговата смрт, 4. мај.

Оддавање почит на Гоце Делчев со нашите браќа КОМИТИ.

Gepostet von Напред Тетекс am Samstag, 4. Mai 2019

Притоа се пееја македонски и патриотски песни, а се скандираше и името на Гоце Делчев.