(ВИДЕО) „Комити“ гневни на новото засилување – денес пееше песни за големиот ривал на Вардар

Социјалните мрежи особено групите на вардарови навивачи како и лични профили на „црвено-црните“ фанови вријат по снимката што се појави денес.

Имено на групата Фанови на СД Вардар Скопје се појави видео како екс играчите на Металург, Мартин Томовски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски и Фили Талевски ја пејат химната на клубот од Автокоманда.

Секако во очи веднаш падна новото засилување на Вардар, Талевски кој качен на стол скандираше и ја пееше химната „Металург, ти си шампион“.

Дали вредеше да му дадеме шанса за да си ја спаси кариерата (снимено денес, играч на Вардар ја пее химната на ривалскиот клуб)?Але, але, але аооооо, Металург ти пуши гоооооо…

Gepostet von Фанови на СД Вардар Скопје am Donnerstag, 25. Juni 2020

Ова беше доволно да добие голем број негативни коментари и критики од навивачите на Вардар кои тешко ќе му го заборават и простат ова во догледно време.