ВИДЕО: Комична сцена – Циципас при бекхенд, го загуби рекетот…

Ретко сме виделе ситуација која што му се случи вчера на Стефанос Циципас во натпреварот против Филип Крајиновиќ.

Филип Крајиновиќ се пласира во четвртфиналето од турнирот во Хамбург, а на грчкиот тенисер му се случи една несекојдневна ситуација со рекетот.

Имено, во моментите кога се играше вториот сет, при еден обид да го врати топчето кон противникот, Циципас го загуби рекетот, односно тој се скрши и одлета кон трибините.

Во раката му остана само рачката од рекетот, па беше принуден да го замени. На крајот добро е што залутаниот рекет не заврши во некој навивач на трибините.