(ВИДЕО) Комична ситуација: Динвиди го изигнорира Дурант, кој мораше да се „снаоѓа“

Бруклин Нетс синоќа на свој паркет славеа против Денвер Нагетс со 105:102.

Нетси и Нагетси одиграа фантастичен меч, а победникот го дознавме дури во последните секунди. Домаќините до победата ги водеше фантастичниот Спенсер Динвиди со 24 поени.

Динвиди го реши мечот во корист на Нетси со четири поени во последните секунди од натпреварот. По поените за 103:102 тренерот на гостите побара тајм-аут, а потоа Динвиди тргна кон клупата на својот тим.

Тука прв го дочека Кевин Дурант кој сакаше да се поздрави со него, но Динвиди тотално го изигнорира, па Дурант ја реши ситуацијата на интересен начин.

Тој со неговиот потег изнасмеа многумина, вклучително и босанскиот кошаркар од Портланд, Јусуф Нуркиќ, кој го објави своето видео на Твитер.