ВИДЕО: Комичен момент пред трката во Турција – панична реакција на Албон, Вестапен, Строл и Перез

Денешната трка во Турција ни понуди неверојатен спектакл на патеката и многу возбудувачки моменти.

Трката во Истанбул го потврди старо-новиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, но крајно интересно беше и на останатите позиции. Второпласиран заврши на крајот Серхио Перез, додека третопласиран со крајни напори беше Себастијан Фетел.

Колатерална штета или губитник на денот излезе младиот Шарл Леклер, кој на два свиока пред самиот крај на трката, дојде до втората позиција по грешката на Перез, но потоа и тој направи грешка, па падна на 4 позиција.

Но интересен момент имаше и пред самиот почеток на трката, кога дел од возачите одеа кон своите болиди и во момент кога ги прелета еден од ловците на армијата на Турција, кој беше дел од декорот на Гран При трката, овие за момент беа изненадени од силниот звук и се фаќаа за глава.