ВИДЕО: Коментаторот збесна по „фудбалската одбрана“ на Никола Митревски

Неверојатни перформанси и меч вечерва имаше македонскиот голман Николче МИтревски во дуелот на Порто против Пик Сегед, меч кој го доби Порто со 25:19.

Македонскиот голман натпреварот го заврши со 15 одбрани, што е фантастична бројка за еден голман во ЛШ натпревар.

ЕХФ сподели видео со фантастичните одбрани на Митревски, кој е прогласен за играч на натпреварот против Пик Сегед.