Италијанскиот прволигаш Интер синоќа ја претстави третата гарнитура дресови за новата сезона и тоа пред неколку илјади свои навивачи.
Фудбалерите и фановите се дружеа неколку часа, владееше одлично расположение, фотографии и по некоја закачка за ривалите.
„Кој не скока, тој е бјанконеро“, грмеа навивачите. Сите фудбалери на Интер скокаа, Конте остана цврсто на земја. Не се забораваат годините поминати прво како фудбалер, а потоа и како тренер на Јувентус.