(ВИДЕО) Кој е најсилен тим на светот? Денвер кога губи со 1-3!

Вторпат во овој плеј-офот, екипата на Денвер Нагетс надополни две победи негатива и се пласира во финалето од Западната конференција.

Откако губеше од Клиперс со 1-3, тимот од Колорадо оствари три триумфа во низа и повторно како и во првата фаза од разигрувањето, победи со 4-3. Во седмиот меч Денвер славеше со 104-89, приредувајќи уште една сензација, а во исто време си закажа пресметка со, сега најголемиот фаворит за титулата Лос Анџелес Лејкерс.

Повторно во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ кој оствари трипл-дабл (16 поени, 22 скока, 13 асистенции, но сега имаше огромна помош од Џамал Мареј кој натпреварот го заврши со 40 поени. Клиперс тотално потонаа во последната четвртина во која беше евидентен притисокот врз нив, не успеаја да влезат во ритам, многу промашуваа и постигнаа само 15 поени. Ударниот тандем на Клиперс, Ленард-Џорџ заедно реализира 24 поени со шут од игра 10/37, премалку за победа во најважниот меч од сезоната.

Со ова Нагетс станаа прв тим во историјата на НБА лигата кој повеќе од еднаш во еден плеј-оф се вратил по негатива од 1-3 и обезбедил пласман во следната фаза.