(ВИДЕО) Кој чека, ќе дочека: Симеоне, конечно, ја победи Барса

Девет години откако го презеде Атлетико, Диего Симеоне успеа да ја победи Барселона во домашното првенство, Барселона која е најслаба од неговото доаѓање во мадридскиот клуб.

Очајниот натпревар од двете екипи го одлучи глупоста на Марк Андре Тер Штеген пред крајот на првото полувреме кога имаше непотребен излез далеку од својот гол и му овозможи на Караско да го постигне победничкиот гол. Во второто полувреме Барса се закани два пати преку Ленгле, но повторно делуваше неповрзано и не успеа да дојде до израмнување.

Сега Атлетико е ко-лидер на табелата во Ла Лига со 20 бода, исто колку и Сосиедад, но со натпревар помалку. Барселона е на десеттото место со меч помалку, но со мали шанси да се вмеша во трката за титулата оваа сезона.