ВИДЕО: Кога Обрадовиќ ќе реши да ги смири навивачите – тоа го прави со стил!

Трофејниот кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ, уште еднаш на дело го потврди своето реноме и авторитет и пред навивачите.

На мечот Фенербахче – Баерн Минхен од Евролигата, се случи еден интересен момент каде се потврди големината на српскиот стратег.

Во моменти кога навивачи на Фенер им се пуштија на играчите на Баерн, со цел да протестираат поради нивната игра на терен, Обрадовиќ брзопотезно дотрча до нив и со неколку гестикулации успеа да ги смири, па потврди дека и понатаму важи за кошаркарски доктор и бог, како што популарно го нарекуваат во Европа.