(ВИДЕО) Кога е најтешко, ова е најмалку што може да се направи: Вардаре, не те оставаме!

Во пресрет на фајнал-фор турнирот во Келн и во период кога судбината на Вардар беше и се уште е најнеизвесна, се појави нова песна со цел да ги поддржи ракометарите во последните два меча од сезоната во Лигата на шампионите.

Александар Митевски и Екипа „АСОВИ“ направија римејк на познатиот хит „Признавам“ на Маријан и Роасан во навивачка песна за Вардар под наслов „Вардаре, не те оставаме“.

Кога во светот на спортот не е невообичаено клубовите кои тонат да бидат заборавени и оставени од сите со исклучок на дел од најверните навивачи, ова е само еден доказ дека Вардар е повеќе од обичен клуб, бидејќи во вакви тешки моменти ги обедини сите искрени љубители на спортот и фанови на црвено-црната боја да соберат сили и да направат неколку иницијативи за да го спасат европскиот првак.