(ВИДЕО) Класата е вечна: Европа пак му се поклонува на Лазаров

Во петтото коло од Европската ракометна лига, Нант ремизираше на гостувањето кај Гог, 29-29, а бодот на францускиот тим му го донесе селекторот на македонската репрезентација.

Кирил Лазаров постигна пет гола, но најважен беше оној на десетина секунди пред крајот кога погоди за израмнување. Во финишот се истакна и голманот Робин кој го одбрани последниот шут на противничката екипа. Голот на Лазаров придонесе 41-годишниот бек повторно да биде една од главните теми во светот на ракометот.

По пет кола од Европската лига, Нант е на делба на втората позиција на табелата во својата група со седум бода, исто колку и Гог.