ВИДЕО: Кирјос го победи Циципас за финале во Вашингтон – совет бараше од навивач

Австралискиот тенисер Ник Кирјос уште еднаш ги собра симпатиите на публиката, откако го победи Циципас на АТП турнирот во Вашингтон, 6-4 3-6 7-6(7).

Со победата во полуфинале против Стефанос Циципас, Кирјос во финалето си закажа пресметка со Данил Медведев.

Најинтересно момент беше кога во одлучувачките моменти, во тај-брејк, Ник Кирјос побара совет од еден од навивачите во првите редови и тоа беше доста симпатично за повеќето навивачи.