ВИДЕО: Кениец успеа да освои маратон, иако трчаше минута две во погрешен правец

Кенискиот атлетичар Феликс Кирва победи на маратонот кој се оддржа во Стокхолм, иако со уште двајца натпреварувачи, извесен период трчаа во спротивен правец.

Имено, Кирва, М ерхави Кесте и Анбеса Тесфаје, под полициска придружба тргнаа во погрешен правец, а организаторите грешката ја сфатија неколку минути подоцна.

Погледнете го моментот на конфузијата ОВДЕ…

Тогаш им рекоа на натпреварувачите да се свртат, па по вториот обид тоа да им го кажат, тие сфатија дека мора да се враќаат назад на вистинската патека.

Сепак, Кирва го надополни загубеното време и победи, па на трката заработи 5000 долари награда.