ВИДЕО – Каменот доаѓа одблиску: Братот на Погба за евентуален трансфер на Пол во Реал Мадрид

Иако навидум е тивко, се уште се провлекува низ фудбалските ходници информацијата и можноста за Погба да заигра во дресот на Реал Мадрид.

Во емисијата Ел Чирингито, во последното издание, гостин беше Матијас Погба, братот на Пол Погба, кој настапува во Манчестер Јунајтед.

Матијас верува дека се уште постои можност неговиот брат да заигра за кралевите.

Запрашан дали младиот Валверде може да биде пречка за евентуалниот трансфер на брат му во Реал, Матијас одговори:

Не, напротив, тој може да му помогне, а дали можат да настапуваат заедно? На тоа би одговорил со да“.