(ВИДЕО) Каљари станува омилен противник на Роналдо – по хет-трикот, му даде уште два гола

Јувентус им се врати на победите во италијанското првенство и тоа благодарение на својот најдобар играч Кристијано Роналдо.

На домашен терен „бјанконерите“ го победија Каљари со 2-0, а двата погодока беа дело на португалскиот ас и тоа во првото полувреме. Всушност, двата ги постигна во период од четири минути, од 38. до 42. минута, но до крајот на мечот не успеа да дојде до хет-трик.

Такво нешто веќе му успеа против Каљари оваа година, на 6 јануари кога три пати ја тресеше противничката мрежа во победата од 4-0. Тимот од Сардинија, заедно со Фиорентина, е омилен ривал на Роналдо бидејќи на двата досега им даде по пет гола.