Вардар синоќа успеа да дојде до првата посакувана победа во групната фаза од Лигата на шампионите, против екипата на Мешков Брест со 35:27.
Во првото коло Вардар одигра само нерешено против Елверум, за сега да впише победа.
Творци на победата беа голманот Томовски кој имаше нестварни моменти, но и новиот играч на Вардар, еден од браќата Њoкас, Кевин Њoкас.
Тој на овој натпревар беше скоро непогрешлив, освен што постигнуваше голови, тие често беа атрактивни, еве еден од нив..