ВИДЕО: Какви удари, каков пресврт – Фјури го „патосира“ Вајлдер

Борба кој навивачите можеа само да ја посакаат, како во секој друг спорт, така се случи и овде пресврт.

Тајсон Фјури е победник во директна пресметка против Донте Вајлдер, кој во првите рунди имаше водство и се одеше кон тоа тој да триумфира во тешната WBC категорија.

Некаде во третата рунда, Тајсон Фјури, успеа да го однесе во нокдаун Донте Вајлдер, за веќе во следната противникот да направи пресврт и Фјури да биде во сериозен проблем.

Но тој момент или водството на Вајлдер како да го разбуди Фјури, па во секоја следна рунда беше подобар и на крајот, во 11-та, се чувствуваше доминација на Фјури.

Натпреварот беше прекинат во 11. рунда, кога на Вајлдер му протече крв од ушите, па арбитрите решија дека тука е крајот, со победа за Фјури.