Норвешката ски скокачка, Силја Осет (23), изведе неверојатен скок на малата скокалница во Трондхајм, а толку многу се уплаши од далечината на скокот, што за момент урлаше при падот.
Опсет тренираше и тестираше една од новите скокалници кои се реконструирани за Светското првенство, кое за две години ќе се оддржи во Норвешка, но при скокот таа имаше сериозен напад на паника.
Со доста силен ветер, Осет достигна голема брзина, а кога се вивна во воздух, таа почувствува одреден страв или паник, мислејки дека може да падне лошо и да се повреди.
„Мислам дека тоа е скок кој не требаше да се случи, одев пребрзо. Бев шокирана кога видов колку далеку одам на патеката. Ме фати паника морам да признаам. Мислев дека ќе слетам на рамно и ќе ја скршам секоја коска која ја имам“, рече за норвешките медиуми споменатата скокачка.
Инаку, таа скокна 116 метри на малата 90 метарска скокалница.