ВИДЕО: Каков момент, на Ѓоковиќ му понудија ќебапи на сред натпревар, тој одговори комично

Српскиот тениски тим деновиве игра турнир во Австралија, каде што има неверојатна поддршка од нивната тамошна дијаспора на АТП купот.

Турнирот кој се игра во Бризбејн, е местото од каде се праќа и порака на солидарност со она што се случува со пожарите во Австралија.

Но интересна ситуација се случи по последната победа на Новак Ѓоковиќ, по мечот против Кристијан Гарин кој го совлада со 6:3, 6:3, па српскиот тенисер доби интер есна понуда.

За време на вториот сет, еден од навивачите на трибини, му дофрлаше на Ѓоковиќ и му понуди ќебапи доколку сервира ас.

Ако направиш ас, ќе ти купам ќебапи“, беше извикот од трибини, а на тоа Ѓоковиќ рече „задржи ги брат, јас не јадам“.