ВИДЕО: Каков момент – камерите ја уловија Вон на УС ОПЕН финалето, сопругот се обиде да ја спречи

Една од најсексапилните спортистки во денешно време, големата шампионка во скијање, Линдзи Вон, беше дел од финалето на УС ОПЕН неделата навечер на УС ОПЕН.

Таа имаше неколку симпатични моменти, кои беа уловени од режисерот на преносот, и имаше уште поинтересен потег од нејзиниот сопруг, хокејарот П.К.Субан.

Линдзи Вон аплаудираше на еден од атрактивните потези на рускиот тенисер Данил Медведев, а нејзиниот нов сопруг, или човекот со кој пред еден месец објавија дека ќе прават свадба, се обиде да ја спречи, веројатно во обидот да не ја уловат камерите и да откријат за кој всушност навива.