(ВИДЕО) Каков кикс на домаќините, им ја пуштија српската химна на Словенците

Необична ситуација се случи на Европското првенство во одбојка кое се одржува во Полска. Полјаците како домаќини на првенството во полуфиналето играа со Словенија чии играчи ги изнервираа со гафот пред почетокот на мечот.

Имено, Полјаците наместо словенечката химна од разгласот, по забуна или намерно, се уште не се знае, ја пуштија српската химна „Боже правде“. Словенечките одбојкари прво ја слушаа химната, а кога сфатија за што станува збор, почнаа да негодуваат и химната беше прекината.

Домашната публика им свиркаше на своите луѓе и со аплауз ја испрати вистинската химна на Словенија.