(ВИДЕО) Каков голман имаше Вардар: Милосављев ја има одбраната на сезоната во ЛШ

Македонскиот првак Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите, но како што минува времето, ги освојува сите почести и индивидуални награди во ова натпреварување.

Едно од нив му припадна на голманот Дејан Милосављев чија интервенција е избрана за најатрактивна сезонава во Лигата на шампионите.

Станува збор за финалето во Келн, против Веспрем, кога српскиот голман на три минути пред крајот одбрани зицер и го трасираше патот на нашиот клуб кон титулата.