ВИДЕО: Како Шумахер некогаш – Хамилтон имаше незгода во боксот со еден од механичарите

Овој викенд се вози големата награда на Русија, на патеката Сочи.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон, при денешните тестирања, сакајки да дојде до подобри резултати, имаше мал инцидент со еден од механичарите во боксот.

Британецот влегувајки во бокс, не успеа со предвидена брзина да закочи, па отиде некој сантиметар понапред и удри еден од механичарите.

За среќа информираа од боксот на Мерцедес дека нема никакви повреди и дека се е во ред.