ВИДЕО: Како Марадона го стави на работ на солзи Роџер Федерер

Федерер и Зверев одиграа егзибиционистички меч во Буенос Аирес, меч кој го доби германскиот тенисер.

Беше тоа многу успешно попладне во Аргентина, посебно за Федерер кој наиде на топло добредојде и добар прием од тамошната публика.

Двата тенисери играа одлично и ја забавуваа публиката, а една од легендите на спортот во Аргентина, Диего Марадона, неможеше да биде дел од овој меч, но затоа им остави порака.

Здраво господару на играта, машино, како што јас те нарекувам. Беше, остануваш и секогаш ќе бидеш најголем, нема никој како што си ти. Сакам да знаеш дека имаш било каков проблем додека си во Аргентина, можеш да ми се јавиш и да ми побараш тоа што ти треба“, порача Марадона за Федерер.

Евидентна беше емоцијата кај Федерер по ваквата порака на легендарниот Диего Марадона, што може да се каже дека го трогна.