ВИДЕО: Како Фетел очајно сигнализираше да добие простор за најбрз круг

По вчерашните луди, скоро неверојатни квалификации, кои се вистинска реткост во историјата на Формула 1, сигурно дека возачите под вториот стартен ред не беа задоволни.

Шарл Леклер од Ферари успеа да дојде до пол-позицијата на конфузниот финиш од квалификациите за денешната трка во Италија.

Веднаш зад Леклер ќе биде Луис Хамилтон, а од вториот ред Валтери Ботас и Себастијан Фетел.

Евидентно е дека Фетел не беше задоволен од пласманот вчера, пред се бидејки беа свесни во Ферари дека имаа брзина на правците и тука гледаа шанса за еден-два на вчерашните квалификации.

Уште на почетокот од загревачкиот круг вчера, непосредно пред истекот на времето за квалификациите, Фетел мавташе со раце на два болида да му отстапат простор за да оди напред, бидејки и самиот беше свесен дека беа во извесен цајтнот со времето и дека нема да стигнат на стартно-целната рамнина за да почне круг.