ВИДЕО: Јуве впиша нов триумф – тимот на Сари направи уште еден чекор кон Скудето

„Старата дама“ продолжува триумфално да чекори кон ново Скудето, вечерва победија и на гостувањето кај Џенова и Горан Пандев со резултат 1:3.

Иако првото полувреме беше доста тврдо и со калкулирање кај двете страни, сепак во вториот дел видовме вистинска голеада.

Дибала во 50 минута го отвори резултатот, за 7 минути подоцна Кристијано Роналдо да постигне бравурозен гол за 0:2.

Во 73. минута и Даглас Коста се впишува во листата на стрелците, а конечните 1:3 на оваа средба ги поставува Пинамонти.

Со овие бодови, сега Јуве е повторно на +4 во однос на најблискиот ривал, тимот на Лацио.