(ВИДЕО) Јунајтед се мачеше 86 минути, па го згази Њукасл

Манчестер Јунајтед ги остави зад себе сите трауми од почетокот на сезоната и оствари победа која може да биде пресвртница за оваа сезона.

„Ѓаволите“ славеа на гостувањето кај Њукасл со 4-1 иако прво губеа, а потоа до 86. минута имаа само 1-1. Лук Шо си даде автогол во втората минута, потоа му беше поништен гол на Бруно Фернандес поради офсајд, а во 23. минута Мегвајер израмни.

Во вториот дел се случуваше вистинска драма. Во главна улога повторно беше Фернандес кој прво промаши пенал, но во 86. минута го доведе Јунајтед во водство по одличната акција со Мата и Рашфорд. Кога веќе Њукасл беше пробиен, во судиското продолжување погодија уште Ван Бисака и Рашфорд за конечни 4-1 и кревање на самодовербата пред почетокот на Лигата на шампионите.