(ВИДЕО) Јокиќ во елемент – качен на стол, ужива во омилената песна

Еден од најдобрите светски кошаркари во моментов Никола Јокиќ престојува во родниот Сомбор по завршувањето на сезоната во која ја освои првата НБА титула во својата кариера, но не може да се каже дека одмора.

Постојано се забавува што е и нормално по напорните десет месеци зад него, но најважно е што ужива во слободното време. Синоќа, со дел од семејството и пријателите присуствуваше на забава во ресторан во Сомбор, а една од песните толку го погоди што се качи на стол.

Очигледно Јокиќ уште ја слави шампионската титула освоена со Денвер и тоа ќе потрае со оглед на фактот што има најмалку уште еден слободен месец.