(ВИДЕО) Јокиќ со кош во финишот ги урна Далас и Лука Дончиќ

Од синоќешните натпревари во НБА лигата, најголемо внимание привлече мечот меѓу Далас Маверикс и Денвер Нагетс во кој на крајот гостите се радуваа на победа од 106:107.

Иако Маверикси речиси целиот меч имаа предност, на крајот победата ја однесе тимот од Колорадо. Триумфот го донесе фантастичниот Никола Јокиќ, кој беше незапирлив за одбраната на Далас.

На две минути до крајот на мечот Далас имаше пет поени предност (106:101). Меѓутоа, до крајот домашните кошаркари не успеаја да постигнат ниту еден поен, за на осум секунди пред истекот на времето Никола Јокиќ да погоди за победа на Нагетси.

Токму српскиот центар беше и најефикасниот поединец на мечот со 33 поени, седум асистенции и шест скока. На спротивната страна очекувано најдобар беше Лука Дончиќ со 27 поени, 10 асистенции и девет скока.

НБА Резултати:

Бостон – Сан Антонио 114:129
Шарлот – Торонто 101:122
Индијана – Мајами 108:122
Орландо – Вашингтон 123:89
Атланта – Хјустон 115:122
Далас – Денвер 106:107
Њу Орлеанс – Чикаго 123:108
Јута – Њујорк 128:104
Голден Стејт – Милвоки 98:107.