Никола Јокиќ постигнува неверојатни резултати од сезона во сезона, но сега се случува нешто невидено… Тој се најде при врвот на листата на најдобри стрелци, во категоријата во која досега немаше некои поголеми шанси.
Српскиот кошаркар на два натпревара, за само 24 часа, постигна неверојатни 104 поени (на Вашингтон му даде 56, а потоа на Атланта 48), и благодарение на тие бројки сега е на второто место на листата на стрелци.
Српскиот кошаркар е само вториот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 45 поени, плус 10 скока и пет асистенции на два меча по ред. Пред него, тоа му успеа на легендарниот Вилт Чембрлен во 1963 година.
Јокиќ минатата сезона имаше просек од 26,4 поени, претходната 24,5, а за да биде некој на или при врвот на листата, бројката на дадени поени треба да биде најмалку 30.
NIKOLA JOKIĆ FROM JUST INSIDE HALFCOURT.
25 AT HALFTIME AFTER 56 LAST NIGHT 🚨 pic.twitter.com/XjIqHYHx0o
— NBA (@NBA) December 9, 2024
Во моментов центарот на Милвоки, Јанис Атетокунпо е пред Јокиќ, со просек од 32,5 поени по натпревар. Јокиќ е полош за само 0,2 поена, односно има просек од 32,3 коша по натпревар!
Зад Јокиќ е Ламело Бол од Шарлот со 31,1 поен, тука е и Шеј Гилџес-Александер со просек од 29,8 коша. Лука Дончиќ кој постигнува 28,7 поени по натпревар е петти.
Фантастичниот ефект на Јокиќ сезонава изнесува 32,3 поени, 13,6 скока и 10,2 асистенции по натпревар! Тој го зголеми и бројот на асистенции во однос на претходната сезона, кога имаше во просек по девет.
Што се однесува до скоковите, на првата позиција доминира центарот на Денвер нагетс, а го следат Кал-Ентони Тунс со 13,3, Домантас Сабонис со 12,7, Ивица Зубац со 12,2 скока, итн.
Некои други статистики велат дека Јокиќ е втор во лигата според процентот на шут за три поени, со просек од 50 проценти, пред Торин Принс од Милвоки. Никола е втор и кога се во прашање ударите од поле со 56 отсто успешност.
Денвер е на седмото место во Западната конференција и има 12 победи и 10 порази.