(ВИДЕО) Јокиќ не можеше против Леброн и Дејвис, Лејкерс пак на победничка патека

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс брзо го заборави поразот од Далас Маверикс на домашен терен и славеше на гостувањето кај Денвер со 105-96.

Една од причините за поразот на Нагетс е потпросечното издание на Никола Јокиќ кој оваа сезона не игра на нивото на минатата. Сега против себе ги имаше Леброн Џејмс и Ентони Дејвис кои успеаја да го запрат на само 13 поени за 33 минути на теренот.

 

И покрај тоа мечот беше неизвесен до крајот, Денвер се држеше со 97-96, но во последните 2,5 минути не успеа да постигне поен, Лејкерс направија серија од 8-0 и дојдоа до победата. Двете ѕвезди на Лејкерс постигнаа по 25 поени.